(Видео) Ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ќе го надради договорот со Бугарија: Се е бизнис – Бугарите не само во Устав туку ќе влезат и во Комерцијална банка, Фени, Телеком и други големи фирми…

t

Високиот функционер во ВМРО-ДПМНЕ, стратешки партнер на Христијан Мицоски и советник на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев најави дека ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт ќе го надгради договорот со соседна Бугарија.

-Таму стои во Член 13 Став 2, договорните страни имаат право по дипломатски пат да поднесат предлози за подобрување на Договорот во насока на подобро имплементирање на одредени одредби од договорот и тоа во рок од една година едната или другата страна треба да одговори. До сега поминаа две години од тогаш. Ние можевме да предложиме многу концизно, јас сум секогаш за тоа дека ако ВМРО-ДПМНЕ ја освои власта, се надевам дека така ќе биде ние апсолутно тој договор мораме да го надградиме во насока на позитивизам во насока на позитивна енергија и градење на тоа што не поврзува сега, вели Ѓорчев.

Но тоа не е се, Ѓорчев не запира тука па најавува распродажба на македонскиот капитал на Бугари и најавува нивно влегување во големи македонски фирми како Комерцијална банка, Фени и Телеком…

Зошто ние згрешивме со Бугарија? Зошто Заев и Димитров згрешија? Едно е да терате политика, јас бев во Софија. Друго е да направите економски подем. Да влезе во Комерцијална банка имаше проект да влезе одредени бугарски акционери. Да влезе Волканов во Фени. Да влезат во Телеком одредени бугарски компании. Токму тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ кога практикуваше власт од 1998 до 2002 кога го отворивме пазарот на инвестиции во Македонија и влегоа големи комапнии во нашата држава. Тоа за жал не се реализираше, не знам од кој причини, вели Ѓорчев.

Стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и советник на Извршниот комитет на партијата, Марјан Ѓорчев во истото гостување во телеивизија 24 вести претходно истакна дека нема ништо против промена на Уставот на Република Македонија со цел внесување на Бугарите во истиот.

-Уставните измени не се проблем, јас повеќе пати во вашата емисија сум кажал. Уставните измени не е битно… За Бугарите, Хрватите, Словенците, јас би рекол Еѓупците, Евреите и Горанците од Косово треба да влезат во Уставот, вели Ѓорчев.

Oчигледно и проблемот со Бугарија во главата на Христијан Мицкоски е сведен на ниво на бизнис имајќи во предвид дека поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев има сериозен бизнис со Бугарија, а сериозен бизнис во Бугарија има и баџанакот на Христијан Мицкоски.
(Документи) Не спасуваа од „бугаризација“, додека лапаа левови: Како баџанакот на Мицкоски прави милиони евра од фирмата во Бугарија
Да не заборавиме дека Мицкоски му кажа на Борисов дека сичкото ште поткрепи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте, зголемен водостојот на реката Лепенец!

Центарот за управување со кризи предупредува дека,…

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Њујорк…

ДИК: Прегласувањето на болните, немоќните лица и…

Државната изборна комисија (ДИК) за денешното прегласување…

Мицотакис со нови закани до Македонија ако…

Сакам и овде, на неколку километри од…

Земјоделци од селата Иловица и Штука го…

Земјоделци од селата Иловица и Штука во…