(Видео) Активни се осум пожари, огнот сѐ уште му се заканува на селото Брезница!

t

Од вкупно 13 пожари денеска изгасени се 5, а активни се осум пожари. Еден од најтешките е пожарот во атарот на село Брезница кој сѐ уште се заканува на селото, соопшти директорот на ЦУК, Стојнче Ангелов.

Вториот тежок пожар е на Илинска Планина во Демир Хисар, состојбата е тешка, покрај пожарникарите на терен е и месното население. Тежок пожар има и во Охрид над Косел, таму се гаси и од воздух.

Гори околу ветерниот парк во Богданци, каде хеликоптерите не можат да дејствуваат поради силниот ветер.

Кај село Фурка во Гевгелија има пожар кој се приближува кој воен објект, а војската е таму за да го штити објектот. Активен е и пожарот кај Зеленград, Пробиштип и пожарот во близина на село Пласница, но и овој пожар предизвика вознемиреност на населението, соопшти Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гори долж патот кон село Брезница

На враќање од пожарот кај с. Брезница…

(Видео) Тажно е во Тажево, изгорени се…

Во селото Тажево се изорени неколку напуштени…

(Видео) Тажна слика околу Брезница: Пожарите пеплосаа…

Тажна е сликата околу селото Брезница, пожарите…

(Видео) Активни се осум пожари, огнот сѐ…

Од вкупно 13 пожари денеска изгасени се…

Гори во пола држава: Девет пожари се…

Во текот на 31.07/01.08.2024 година, имаме вкупно…