(Видео) Алпинистичка вежба на Баталјонот за специјални сили на АРМ и Единицата за брзо распоредување!

t

Припадниците на Баталјонот за специјални сили на Армијата и Единицата за брзо распоредување вчера заедно изведоа методско огледна алпинистичка вежба ,,Пребарување, Спасување и Евакуација на повредени”.

На вчерашната методско огледна алпинистичка вежба присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.

Вежбата ,,Пребарување, Спасување и Евакуација на повредени во тешко пристапниот дел на Демир Капија’’ заеднички ја изведоа припадниците на Баталјонот за специјални сили на Армијата и Единицата за брзо распоредување при МВР во реонот на Демир Капија.

Министерот Мисајловски вчера истакна дека тимската работа на две елитни единици ја покажува синергијата, квалитетот и професионалноста која владее меѓу припадниците на овие единици, што дополнително значи континуирано подобрување и зајакнување на капацитетите.

-Овие специјални единици треба секој еден во државата да ги почитува, бидејќи секогаш каде и да се случи несреќа или што и да се случува во рамки на безбедноста на државата, секогаш се први и секогаш дејствуваат. Затоа сакам уште еднаш од тука да им се заблагодарам од мое лично име, ни и од името на граѓаните затоа што нивната работа е навистина тешка, рече Мисајловски и додаде дека со цел континуирано развој на единиците на Армијата, потребно е да се вложува максимално. „Ќе вложуваме максимално колку што може во нашите буџети, бидејќи никогаш не треба да се штеди за овие вежби за овие специјални единици, бидејќи се навистина гордост на Македонија, рече Мисајловски.

Во продолжение можете да ја погледнете вежбата на овие две елитни единици:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АРМ со вежба на Охридското езеро, апел…

Во периодот од 09 до 11 јуни…

Украдено возило на АРМ кое било оставено…

Украдено возило во сопственост на Армијата кое…

ЕУ додели дополнителни 15 милиони евра помош…

Советот на ЕУ денеска донесе одлука за…

Кривична пријава за десетмина полицајци од ЕБР,…

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека…

ДУИ го повика НАТО да интервенира за…

Намерното исклучување на Албанците од клучните позиции…