Објавено на:

(Видео) Американски адмирал предупредува: Кина создаде три нови острови па ги претвори во свои воени бази

t

Кина целосно милитаризираше и претвори најмалку три вештачки острови во Јужното Кинеско Море во воени бази, каде што се инсталирани противбродски и противвоздушни ракетни системи, ласерска и противелектронска опрема, како и борбени авиони, изјави Американскиот адмирал Џон Аквилино, командант на американската индо-пацифичка флота.

Потезите на Кина се во целосна спротивност со претходните изјави на кинескиот претседател Си Џинпинг дека земјата не сака да ги претвори островите во воени бази , рече американскиот адмирал.

„Во последните 20 години, бевме сведоци на најголемиот воен подем на Кина од Втората светска војна. „Тие ги подобрија сите нивни системи и тоа вооружување го дестабилизира регионот“, им рече Аквилино на новинарите додека над спорниот дел од Јужното Кинеско Море прелетуваше со извидувачки авион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Виничанец измамен за 5.700 евра!

Му уплатиле пари за автомобил, па прекинал…

Министерството за култура очекува околу 1,5 милиони…

Македонија веќе бележи двоцифрен годишен пораст во…

Сосед се заканувал со пушка во Виница

На 26.06.2025 во 16.47 В.М. (61) од…

Земјотрес ја стресе Тирана

Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според…

Нетанјаху демантира: Не сум се согласил на…

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, негира дека…