(Видео) Американците воодушевени од Меси: Два гола за пенали и победа на Интер Мајами!
Фудбалерите на Интер Мајами се пласираа во четвртфиналето на Лига Купот на Северна и Централна Америка, откако по пенали со 5-3 (4-4) го совладаа Далас. Ново фудбалско шоу имаше Лионел Меси, постигнувајќи ги првиот и последниот погодок на средбата.
Извештај од натпреварот:
Аргентинецот го отвори резултатот по шест минути игра, откако Алба му одложи топка на работ на шеснаесетникот, па Меси покажа дека не заборавил да стрела. Сепак, Далас успеа да направи целосен пресврт и со головите на Квињон, Камунго и Веласко. Иако Кремаски намали на 3-2, со автоголот на Тејлор, тимот од Флорида пак имаше дефицит од два гола.
Во последните десет минути следеше и автогол на Далас, Фарфан сам ја затресе мрежата за 4-3, а потоа пак на сцена стапи Лео Меси. Аргентинскиот виртуоз изведе слободен удар откосо од околу 25 метри, биеше преку живиот ѕид и директно во аголот на голот за лудница на трибините.
Следеше пенал серија во која Интер Мајами ги погоди сите пет јудари од единаесет метри, а ривалот имаше учинок три од четири за пораз со 3-5.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…