(Видео) Америка назад во 18 век: Масовно палење книги за Хари Потер во борба против демонски влијанија

Контроверзниот пастор Грег Лок од Тенеси организираше палење книги заради, како што рече, борба против демонските влијанија. Толпата запали копии од книги од серијата Хари Потер и Самрак, меѓу другите. Церемонијата беше пренесувана во живо на Фејсбук.
„Свесни сме во што влегуваме. Донесете сè. Престанете да дозволувате демоните да влегуваат во вашите домови. Волшебништвото мора да исчезне“, напиша Лок во објавата на Фејсбук, која во меѓувреме е отстранета.
Настанот на Лок во предградие на Нешвил, привлече многумина, а учесниците, меѓу другите, фрлаа копии од серијата Хари Потер и Самрак. Пред палењето, Лок во проповедта рече дека се бори против „масонските ѓаволи“. „Јас не се плеткам со вештерки, не се плеткам со демони, ќе ги повикам сите во името на Исус Христос“, рече Лок.
Американската библиотечна асоцијација соопшти дека неодамна забележала „невиден“ пораст на барањата за забрана на книги – тие велат дека луѓето означиле 330 книги како непожелни само минатата есен. За споредба – имало само 156 вакви барања во цела 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: САД мора да го имаат Гренланд,…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им рече…
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…