(Видео) Ангелов го посети повредениот командир на ТППЕ Штип: Спречивме нов пожар и спасивме штала со 250 овци!

t

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов го посети командирот на ТППЕ Штип, Благој Ренџов, кој се здоби со скршеници на двете раце при гаснење на пожар.

– Кога си одевме од Серта, добивме дојава за запалена страра депонија во Штип. Веднаш со колегите се упативме таму да гасиме. Видов дека има зафатено сува трева од огнот кој одеше кој боровата шува, за да не ја зафати боровата шума пробав да се симнам низ долот кој е со карпи, стрмен дел и во еден момент паднав со левата нога во дупка, изгубив контрола и почнав да паѓам. Наидов на карпа и инстинктивно наместо да удрам со главата во карпата, ги ставив рацете, осетив само силна болка. Колегите притрчаа, повикавме возило и ме транспортираа во штипската болница.

Спречивме уште еден шумски пожар, а во близина таму имаше и штала со околу 250 овци, објасни  командирот на ТППЕ Штип, Благој Ренџов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип

Во случај забележан во ист ден и…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…