(Видео) Андоновска: Пакети за пензионери, нови старечки домови и геријатриски центри

t

– За разлика од другите партии или коалиции кои предлагаат популистички мерки, линеарно зголемување на пензиите, без да пресметаат за колкава огромна сума на пари се работи и без да предвидат дека тоа ќе биде колапс на пензискиот систем, коалицијата „Храбро за Македонија“ предлага конкретни и реално остварливи мерки, како мерката „пензионерско семејство“, истакна во гостување во „Тешки муабети“ носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица 1, Д-р. Добрила Андоновска.

– Ние предлагаме покрај линеарното зголемување кое го има сега, кое е поврзано со инфлацијата и слично, мерка „пензионерско семејство“. Тоа значи дека ако еден пензионер зема 13.000 денари пензија (ќе му требаат 10 години да достигне пензија од 25.000 денари со сегашното зголемување), ние предлагаме низ системот на социјалните мерки, со два чека, еден за пензија еден за социјални пакети, ќе добива пензија постојано до 25.000 денари, значи уште 12.000 ако земаш 13.000 денари.
Кога пензијата со нормален раст ќе дојде до 25.000 денари, ги губиш тие привилегии и се даваат на некој друг, објасни Андоновска.

– Ова е единствена остварлива и реална мерка која нема да го оптовари пензискиот фонд. Ова се пари од Буџетот на државата, објасни Андоновска која додаде дека во Буџетот има пари, но се трошат ненаменски.

– Во однос на социјалните мерки мора тие привилегии да ги добиваат најзагрозените лица. Предлагаме минималната помош да биде 18.000 денари, предлагаме да се зголеми придонесот за невработеност на 3% за да може луѓето кои ќе останат без работа да земаат поголема помош и повеќе време додека не се снајдат на пазарот на труд. Мора да се средат старските домови и геријатриски центри, предлагаме да се изгради по еден таков во секој град, нагласи Андоновска која додаде дека како пратеник ќе предложат измени на Законот со кои на секои 5.000 жители ќе има задолжително една градинка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…