(Видео) Андонов: Одамна беше очигледно дека некој од ВМРО-ДПМНЕ му правеше пат на Оливер Спасовски до министерската функција во МВР

t

Во денешната епизода на Тешки муабети, Оливер Андонов истакна дека и покрај сегашните напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон него во врска со министерувањето на еден ден, тој ја прифатил функцијата за да ѝ направи услуга на партијата.

– Во тој период ја познававме политиката на партијта, знаевме за што се бориме, јас одамна знаев дека ќе бидам министер за еден ден или неколку дена. Некој и тогаш во ВМРО-ДПМНЕ му правеше терен на Спасовски и одработуваше за СДСМ.

Не може да се случи кабинет на МВР да функционира по принципот на one men show, освен возачот на министерот, кабинетот беше еден човек. Тоа не функционира така. Ниту еден не беше поставен, дури ни Чавков не ме пречека во кабинетот кога станав министер. Многу симптоматично беше сето тоа, а и додека бев дополнителен-заменик министер.

Мојата задача беше да бидам супервизор на работата на Спасовски, се случуваше Чавков да оди сам на состанок и покрај моите сугестии да не оди сам, коментираше дека е играч за нив, а сега гледаме кој е каде во општеството.

Жално е тоа што се случи, но еве денеска можам да кажам поотворено што се случуваше во МВР, о исклучителна благодарност за мојот кабинет и луѓето вработени во МВР. Тој кабинет каков што беше успешно се спротивставуваше на активностите на Спасовски, за разлика од сега, вели Андонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…