(Видео) Апасиев: Да ги апсат хоштаплерите на Онкологија наместо да репресираат голораки студенти

t

Режимот им се сили на голораки студенти, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев по приведувањето на двајца активисти на Левица, членови на младинската организација на партијата за време на протестот.

– Не постои ништо, не постои држава, сега сме сведоци како партиската полиција на Оливер Спасовски им се сили на дечкиве од Црвена младина, студенти првенци на генерација. Двајца се уапсени од специјалци донесени во БЕКО и откако видоа дека се собира народ ги пуштија. Уште двајца ги бркаат низ градот, наместо да ги апсат хоштаплерите од Онкологија, апсат деца од Црвена младина. Дојде адвокат, Левица ќе им покрие и кривична и прекршочна пријава, било што, ова е покажување сила преку репресивен апарат. Не им се плашиме, јас ќе го прашам Оливер Спасовски на пратенички прашања како полиција во полна ратна опема им се силат на голораки студенти.

На денешниот протест не беше целата опозиција како што треба да биде, не очекувам дека ќе се издејствува нешто, очекувам само репресија вака на дечки од Црвена младина. Само да ги предупредам, си играат со погрешна генерација, нашле црква да се крстат. Секој ден оваа влада тоне, јас не верувам дека ќе има предвремени избори, ќе одат до крај да исцедат се што можат, крадат на мртви, на се што може да се краде, ова ќе станува секојдневие.

Не сме во никаков контакт со НВО и политички партии, ќе видиме од утре, утре има седница на Собрание, имаме канали за комуникација но с ена пониско ниво, не на високо ниво, вели Апасиев.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…

Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…

Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…

Говор на претседателот на Левица проф. д-р…

Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…

Каде се чуло и видело, најголема опозициска…

Зошто Мицкоски ги брани избрканите од „Комуналец“,…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…