(Видео) Апасиев до Џафери: Сам ќе поднесете оставка или ќе чекате ние да Ве пријавиме во Антикорупциска?!

t

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во процедурално обраќање во македонското Собрание истакна дека функцијата на спикерот Џафери е неспоива со функцијата член на централното претседателство на неговата матична партија – ДУИ.

Неговото обраќање Левица го сподели на Фејсбук.

– ПАРТИСКАТА ФУНКЦИЈА НА ЏАФЕРИ Е НЕСПОИВА СО ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ

Процедурално обраќање на пратеникот и претседател на Левица – Димитар Апасиев, по повод изборот на Талат Џафери како дел од Претседателството на ДУИ.

„Уставот во член 67 вели дека функцијата Претседател на Собранието е неспоива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.

Според соопштението на вашата матична партија ДУИ, Вие сте избран како член на Централно претседателство.

Сакам да ве прашам, дали ќе си дадете сам ОСТАВКА на оваа фунцкија или ќе чекате ние да Ве пријавиме во Антикорупциска комисија, па така да си дадете оставка од партиската функција – бидејќи е неспоива со оваа функција на која седите?”

#ЛевицаОдПарламент, напишаа од Левица на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Единствена македонска опозиција што го чува…

Пратеник по Устав и по Деловник има…

(Фото) Пратениците на Левица остварија официјална средба…

Денес, 18 октомври 2023 година (среда), претседателот…

Апасиев: Партијата на Мицкоски со ново предавство,…

Говор на претседателот на Левица проф. д-р…

Апасиев за Мицкоски: ги саботирате протестите, додека…

Каде се чуло и видело, најголема опозициска…

Зошто Мицкоски ги брани избрканите од „Комуналец“,…

Отстранувањето на речиси 40 лица од платниот…