(Видео) Апасиев открива што ќе се случи кога ќе влезат Бугарите во Уставот
Дел од гостувањето на претседателот на Левица проф. д-р. Димитар Апасиев во емисијата „Аргумент плус“.
Прво, што треба да се направи!? Не е само да се стави бугарското малцинство во Преамбулата на Уставот – доколку ги ставиме, првото што треба да го обезбедиме е правото на образование, тоа значи – бугарски школи како во времето на егзархијата. СДС не враќа 150 години наназад. Следно, ТВ програма на МРТ да им обезбедиме, каде тие ќе промивираат бугарска пропаганда дека ние не постоиме. Сето тоа, јас и вие, со наши пари ќе го плаќаме. Таа михајловистичка политика ние ќе ја плаќаме, а не како сега бугарските тајни служби кои ја спонзорираат. Понатаму, овој закон им гарантира и национални установи. Тоа значи бугарски народен театар и бугарски градски библиотеки – тоа ќе треба да го правиме.
Ние со наши пари ќе ги плаќаме нивните иредентистички намери и антимакедонска култура. Законот за празници ќе треба да го измениме и 3-ти март, денот на ослободувањето на Бугарија ќе го славиме кој се однесува на Санстефанскиот мировен договор во кој Македонија е составен дел од Бугарија. Тие ќе бараат задолжителни пратенички места и тоа значи бугарска иредентистичка политика со пратенички имунитет. Тие пратеници ќе ја навредуваат Македонија а ќе ги штити пратеничкиот имунитет. Ќе се вработуваат како и по квотите од овој наштиман балансер.
https://www.facebook.com/PartijaLevica/videos/609552284387004
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…