(Видео) Арсовска: Вики, не глуми, какво поткровје секој со очи гледа нова незаконска зграда дивоградба со 40 стана
Ова е објава за читање за сите интелигентни и слободоумни граѓани, другите не читајте!
На Висар Вики Ганиу, да му го разбиеме интервјуто дадено за Al Jazeeira, со факти:
Вики: “Тој предмет е влезен овде као нешто што е поткровје на некој стан, и како избегало од комисииве тоа ќе го кажеме на суд” Висар не глуми, за какво поткровје збориш секој со очи гледа комплет нова незаконска дивоградба зграда со 40 стана градена сега, а не во 2011 година.
А ќе кажеш ти богами на суд многу!
Вики: “Бидејќи јас сум последниот што потпишувам, значи пред тоа имам филтри, има комисии има елаборат све тие што ги донеле тие документи” не мора да објаснувам ТУКА Е ЈАСНО ГИ МЕСТИ ВРАБОТЕНИТЕ ЗА НЕГОВИТЕ КРИМИНАЛИ.
Вики: “Дури има и од град Скопје, значи предмет пресметка што е пресметано колку се комуналиите” Сам си го признава фалсификатот со кој го фативме, што го направил на 20.03.2025 сред деновите на жалост во Кочани Ало Обвинителство за гонење организиран криминал
Вики: “Значи затоа ви велам дека тоа беше повеќе тој ден да се направи циркус, да има во јавноста теми” Не е никаква тема циркузанту, треба да знаеш дека нема некој што може да ме одврати од тоа да одговараш за сите криминали од денот кога по живот на дете ми се закани!
Вики: “Еве секој ден се занимава со тоа, тоа не е вистина, бидејќи ние имаме тука, 13.000 апликации за легализација”
Висар е директ за во Гинисова книга на рекорди, сам си ги кажа 13.000 ( тринаесет илјади легализации), обвинителството веќе му ги има доказите и оригиналната архивска книга за стотиците фингирани и дополнително внесени дивоградби.
И за сѐ ова јас имам докази, а ти само тераш со закани и политика.- напиша таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Арсовска: Вики, не глуми, какво поткровје…
Ова е објава за читање за сите…
Американски разузнувач: Супербомбата на Пентагон можеби е…
Поранешниот американски разузнавачки службеник, Метју Шумејкер, предупредува…
Цеца овој пат спиела: Двајца прилепчани фрлиле…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца…
Трамп: Доцна е за разговори, никој не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „никој…
„Инженери на Македонија“: РКЕ ја штити ЕВН…
Според Здружението, РКЕ ја погазува својата основна…