(Видео) Арсовска: Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни, храбри луѓе, Мицкоски за жал не е еден од нив!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на советот за советнички прашања ги фрли ракавиците порачувајќи дека во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни, храбри луѓе, Мицкоски за жал не е еден од нив.

-Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни, храбри луѓе, Мицкоски за жал не е еден од нив. Мое е правото, се споменуваа луѓе кои не се присутни и претхоно кога му се тресеа рачињата на советникот личности кои што не се тука присутни. Како до вчера бев најдобриот градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот сега одеднаш не чинам. На сите тие прашања ќе си дојдат одговорите меѓутоа јас како што гледаш не ми трепери гласот и не ми се тресат рачињата кога ти се обраќам, вели Арсовска.

Ве фатив со рацете во медот му порача Арсовска на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека ако Мицкоски се бореше против спорните договори вака како против неа ќе ја спасеше Македонија.

-Ама Мицкоски од тендер матрицата нема да излезе, а на шпицниот градоначалник да му кажам едно, Мицкоски да не се крие, да се бореше со власта и спорните договори каок што се бори со мене неколку дена ќе ја спасеше Македонија.
А што се однесува до оставките, шпицниот градоначалник да си почне од себе, рече Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…