(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има право да се лути
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека никој нема толку кратка меморија да не се сеќава како изгледаше Скопје пред само неколку месеци, односно дали живеевме во почиста околина во споредба со денешницата.
-Нападите по социјалните мрежи од претходниот градоначалник кон моите одлуки би ги класифицирала „кој губи има право да се лути“ и нормално е да сакаат да се релативизира тоа што се случувало, но и да се деградира тоа што се случува во овој момент. Сепак за граѓаните е видно кога нешто е направено со намера, како кога ќе се пронајдат ќеси огромни со смет, а дента претходно имало акција за чистење и исфрлување на сметот.
-Јасна е позадината зад ваквите напади и затоа тоа не е во мој интерес, односно местенките кои се приредени само за да се девалвира мојата работа, треба прво да тргнеме од сопствената свест и заеднички да се бориме против намалувањето на загадување на животната средина. Толку многу се бориме со луѓе кои пари прават и лукративно се богатат од креирање на тие диви депонии, а од друга страна го правиме тоа бидејќи стварно сакаме тоа да го правиме и практично тоа го прикажуваме со виден резултат. Иако проблемот не е решен, насоката кон која се движиме е кон позелена иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…
Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…
Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…
На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…
(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…
(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…
Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…
Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…