(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент на која сакаат држава – Јас ќе градам мостови со сите во интерес на моите граѓани

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување вечерва на Инфомакс во емисијата „Наше Скопје“ говореше за меѓународната соработка во интерес на граѓаните напоменувајќи дека ќе гради мостови со сите во интерес на своите граѓани и не и е важно што медиумите ќе пишуваат за неа.
-Многу интересни средби произлегоја од Форумот на градоначалници, меѓутоа она што го разговаравме со градоначалникот на Бат Јам беше како можеме практично да ја интевизираме соработката што ја имаме, се работи за еден од поразработените и поголемите градови во Израел, кој е тесно поврзан со Тел Авив. Она што конкретно го разговараме беше во делот на како да се справиме со секојдневни предизвици и како тие имале позитивни ефекти и резултати од таквите ситуации.
-Сметам дека можеме да научиме многу едни од други, а пред се едно од поважните работи е тоа што градиме врски и пријателства. Градиме мостови во интерес на моите граѓани и затоа може да почнат да ме прават агент на секоја една земја, затоа што имам намера Град Скопје да го поврзам со сите земји, односно со сите оние градови од кои што можеме да научиме и да склучиме вистински пријателства. Не гледам зошто не би го правеле тоа и како прв пример е подарокот на противпожарното возило што го добивме во посетата во Конја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…