(Видео) Арсовски: Заев го контролирал правосудството – рекетирал и одлучувал чиј пасош ќе враќа Катица Јанева
Зоран Заев како премиер на Република Македонија управувал и го контролирал судството и обвинителството. Зоран Заев бил на чело на рекет пирамидата, која што трета година веќе се обидува да ја покрие, но залудно, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев давал насоки за чиј пасош да врати Катица Јанева. Ова не се тврдења на ВМРО-ДПМНЕ, туку СВЕДОШТВА и тврдења на таткото на на Бојан Јовановски, Миле Јовановски. И после 2 години, случајот РЕКЕТ ја бранува јавноста и тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ од пред 2 години се повеќе излегуваат на површина како точни и вистинити. И тогаш и сега, ние и јавноста сме убедени дека главата на рекетот е лично Зоран Заев. Ова се повеќе излегува на површина после сведочењата преку писмата испратени од Бојан Јовановски, како и сведочењата во интервјуто на неговиот татко Миле Јовановски, инаку двајцата обвинети во случајот “Меѓународен сојуз”, како што велат обвинети за да се заштити Зоран Заев од сопствениот криминал. Јавноста следејќи го интервјуто на таткото на Бојан Јовановски, може многу лесно да заклучи дека Зоран Заев е тој што е вмешан во целиот процес и тој барал враќање пасоши кај Катица Јанева, односно дека најверојатно свесно покренувале обвиненија за одредени луѓе, за да подоцна да можат од нив да изнудат одредени материјални работи, во случајов милиони и да тргуваат со влијание. Тоа се видело и по одредени комуникации помеѓу Заев и Катица Јанева, за која обвинителството се уште молчи, а тоа беше јавно кажано во интервјуто, вели Арсовски.
Тој додава дека неколку пати јавноста можеше да чуе од интервјуто како фунцкионира правосудството во Република Македонија, каде што лично Зоран Заев бил вмешан и одлучувал и контролирал во судските постапки, командувајќи ги правосудните органи како да одлучуваат. Неговите раце биле директно врз правосудството.
-Уште една интересна работа е што ја занемарува и обвинителството е дека Зоран Заев знаел однапред за рекетот кој бил пријавуван, а молчел и прв пат за рекетот разговарал во април месец после негово интервју. Тоа јасно покажува дека Заев бил запознаен со целиот рекет, а јавноста за рекетот дозна после неколку месеци, каде што бил вмешан заедно со неговиот брат, како што може да заклучи од интервјуто и јавноста сама да заклучи бидејќи тоа впрочем и беше кажано. За да бил мафијашкиот филм на власта уште поголем, се заканувале дека ќе убиваат луѓе од обвинетите за да не ја говорат јавно вистината. Дали обвинителството конечно ќе отвори случај и за Зоран Заев и за брат му, за да конечно излезе вистината на виделина? До кога обвинителството ќе ги штити главните виновници во случајот РЕКЕТ кои што практично се главата на октоподот наречен Рекет? Ова е случај кој остана правно нерасчистен затоа што главните рекетари не се на обвинителната клупа, а јавноста веќе го има впечатокот кои се тие, истакнува Арсовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Бајден повика на смиренот во американската нација:…
Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…
Од политичката партија „Левица“ велат дека се…