(Видео) Арсовски: СДСМ во пакетот за 218.000 евра ќе продаде и имот на Рузвелтова кој чини над 300.000€
СДСМ сака АД Славија да ја продаде за 218.535 евра, со целиот свој имот и земјишта и сите објекти кои што вредат над 20 милиони евра. Објектот е позади мене, инаку стара Славија на Рузвелтова, вреди, само ова земјиште вреди многу повеќе од 218.000 евра за сумата за која што сакаат сите земјиште и објект да ги продадат, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Во продолжение интегрален текст и видео од изјавата на Арсовски:
Почитувани,
Ова е трет важен објект на АД Славија кое го таргетирале да го приствојат преку купување на акциите блиски луѓе од СДСМ.
Објектот е позади мене, инаку стара Славија на Рузвелтова.
Да потсетиме уште еднаш дека СДСМ сака АД Славија да ја продаде за 218.535 евра, со целиот свој имот и земјишта и сите објекти кои што вредат над 20 милиони евра.
Замислете, оваа локација позади мене, трета која ја презентираме по ред, стара Славија на Рузвелтова позната помеѓу скопјани, изнесува стотици метри квадратни објект кој е во постапка на приватизација, а кој потоа преку АД Славија ќе може да изврши и откуп на земјиштето под објектот односно со целиот двор кој што им следува.
Јавно прашуваме, дали оваа локација која е на АД Славија, со стотици метри квадратни објекти и уште толку земјиште кое треба да и припадне на АД Славија, дали вреди многу повеќе од 218.000 евра?
Да, вреди, само ова земјиште вреди многу повеќе од 218.000 евра за сумата за која што сакаат сите земјиште и објект да ги продадат.
Само ова земјиште позади со објектот според одредени проценки чини над 300.000 евра. Значи 300.000 евра на сред Рузвелтова во Скопје.
Ова што се обидува власта да го направи со продажбата на АД Славија е вистински криминал во најава, раскрчмување на државниот имот и обезвреднување пред продажбата.
За ова некој сериозно ќе одговара.
Затоа, повикуваме, јасно и гласно, уште веднаш, денес, да се стопира одлуката за продажба на АД Славија под вакви услови, каде што СДСМ ќе ја оштети државата заедно со своите пиуни кои што ќе бидат вмешани во овој криминал за 20 милиони евра, односно ќе се здобие некој близок на СДСМ до власта со имот од над 20 милиони евра, за само 218.000 евра.
Веднаш, уште денес, да се стопира продажбата на АД Славија. Тоа е решението на овој криминал во најава да не се случи и да не се оштети државата.
Откажување од продажба под вакви околности, инаку доколку не се откаже ќе има соодветни поднесоци до институциите за сите одговорни кои што ќе бидат директно или индиректно инволвирани во овој криминал во најава за да сносат одговорност.
Нека бираат, чесна работа за граѓаните и државата или затвор, порача Арсовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Бајден повика на смиренот во американската нација:…
Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…
Од политичката партија „Левица“ велат дека се…