(Видео) Археолозите дојдоа до величенствено откритие: Во потонатиот град во Египет пронајдени нови богатства и тајни
Европскиот институт за подводна археологија (ИЕАСМ) објави дека археолози на подрачјето на потонатиот храм во близина на египетскиот брег на Средоземно Море откриле нови богатства и тајни. Францускиот поморски археолог Франк Годио и неговите колеги дошле до нови откритија на местото каде што се наоѓал храмот на богот Амон во древниот пристанишен град Тонис-Ираклеон во заливот Абукир.
Тимот го истражувал јужниот канал на градот, каде што големи камени блокови од древниот храм се урнале за време на катаклизмичен настан кој се случил кон средината на вториот век пред нашата ера. Институтот наведува дека во храмот на богот Амон фараоните „ги примале своите титули на моќ кои ги стекнувале како кралеви од врховниот бог на староегипетскиот пантеон“.
Археолозите нашле драгоцени предмети од ризницата на храмот, како сребрени ритуални инструменти, златен накит и садови од алабастер во кои чувале парфеми или масла. Овие наоди сведочат за богатството на овој храм и побожноста на некогашните жители на пристанишниот град“, наведуваат од ИЕАСМ.
Во текот на истражувањето, кое го спроведуваат тимот на Годои и Одделот за подводна археологија на министерството за туризам и антиквитети на Египет, откриени се подземни структури со добро зачувани древни столбови и греди кои датираат од 5. век пред нашата ера. Источно од храмот на Амон, археолозите нашле античко светилиште посветено на Афродита со бронзени и керамички предмети.
Тоа покажува дека Хелените, кои за време на фараоните од династијата Саите (664-525 година пне.) смееле да се населуваат и тргуваат во градот, имале храмови посветени на своите богови“, се додава во соопштението.
Остатоците на Тонис-Ираклеон сега се потопени во морето, на седум километри од сегашниот брег на Египет. Градот со векови бил најголемото египетско пристаниште на Медитеранот пред Александар Македонски да ја формира Александрија.
Поради кревањето на нивото на морето и земјотресите со големи бранови потопен бил дел од делтата на Нил од 110 квадратни километри, заедно со Тонис-Ираклион. ИЕАСМ овој величествен древен град под морето го откри во 2000 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Именувани се в.д директори на Царинската управа…
Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…
Студентите демонстранти бараат нобеловецот од Бангладеш да…
Студентските демонстранти од Бангладеш денеска најавија дека…
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
Еве зошто Мицкоски и Владата не смееа…
Експерт откирва, Вјоса Османи ги прекршила сите…
(Видео) Пожарот кај Негорци е ставен под…
Пожарот кај Негорци е ставен под целосна…