(Видео) Астероид со големина на четири Ајфелови кули се приближува кон Земјата
Астероидот 2001 CB21, со големина на четири Ајфелови кули, ќе се приближи до Земјата на почетокот на март.
Голем астероид ќе прелета над Земјата на 4 март, објави руската вселенска агенција Роскосмос на својот канал Телеграм.
„Големиот астероид 138971 (2001 CB21) се приближува до Земјата. Дијаметарот на космичкото тело е околу 1,3 километри, што е 4 пати поголем од Ајфеловата кула… Астероидот ќе лета блиску до планетата на 4 март“, се наведува во соопштението за медиумите. Роскосмос прикажа и снимка од летот на астероидот.
Како што пренесува „Роскосмос“, анимацијата ја направиле работниците на Институтот за применета математика „Келдиш“ на Руската академија на науките со помош на телескоп во Алтај во Сибир. Минималното растојание на небесното тело до нашата планета сепак ќе биде 4,8 милиони километри, што ја исклучува можноста за судир. Ова растојание е 10 пати поголемо од растојанието помеѓу Земјата и Месечината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинеска сонда се враќа кон Земјата со…
Кина известува за успешен старт на модулот…
Сондата на НАСА, со примерок од астероидот…
Сондата „ОСИРИС-Рекс“ на НАСА слета на Земјата,…
Листа на најмоќните земји во светот
САД, Кина и Русија остануваат најмоќните земји…
Покрај Земјата денеска треба да помине огромен…
НАСА проценува дека во Сончевиот систем има…
Силна геомагнетна бура ја погоди Земјата
Силна геомагнетна бура ја погоди Земјата вечерта…