(Видео) Бездомник стана херој: Истрча од интервју за работа за да спаси бебе

t

Откако со години бил бездомник и немал работа, Американецот Рон Несман бил на интервју за работа во ланецот ресторани „Еплби“, кога низ прозорецот видел како количка со бебе се тркала на патека која води право на прометен пат преполн со автомобили што итаат.

Во дел од секунда, Несман истрчал кон количката, ја запрел и го спасил бебето. Во исто време кога станал херој, на бездомникот му кажале дека ќе го вработат во ресторанот, пренесува „Гардијан“.

Една жена застанала на патеката од блиската перална за автомобили за да го земе својот правнук од количката, кога силниот ветер ја одвел количката, и таа тргнала надолу по патеката. Жената се обидела да потрча по бебето, но паднала, беспомошно гледајќи како количката оди кон преполната улица. Тогаш „од никаде“ се појавил Несман, кој ја запрел количката со раката, само секунда пред бебето да стигне до сообраќајната лента.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…

Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…

Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…

САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…

САД го поздравија успешниот крај на преговорите…

САД продолжија со испораката на оружје за…

Испораките на оружје од САД за Украина…