(Видео) Блескаме… За една година над 17 илјади помалку вработени – една пензија обезбедуваат 1,63 вработени лица
Само 1, 63 вработени ги обезбедуваат примањата за еден пензионер. Ова се добива откако ќе се пресмета бројката за официјално вработените лица и онаа за корисници на пензија кои стојат во последниот извештај за работа на Фондот за пензиско за минатата година.
Иако, во извештајот на Фондот пишува дека во 2024 година 1,70 вработени издржуваат еден пензионер, од бројките на вработени (556 294) и пензионери (339955) може да се забележи дека всушност 1, 63 вработени ја финансираат пензијата на еден пензионер.

Но, ваквиот сооднос е резултат на тоа што лани бројот на официјално вработените лица со платени придонеси се намалил за над 17 илјади, во споредба со 2023 година. Од документот на ПИОМ може да се види и дека ова е најголемо намалување на бројот на вработени со платени придонеси во последните 15 години.
Дури ни во ек на пандемијата на корона вирусот немало вакво намалување. Па, така во 2020 година биле изгубени 10 илјади работни места, лани 17 илјади, а сите други години бројот растел.
Прашавме и во Влада на што се должи ова големо намалување на бројот на формално вработените. Но, од таму се уште се чека одговор.
Од една страна бројот на вработени опаѓа, а од друга повторно се најавува ново зголемување на пензиите од 1.000 денари на есен и уште толку идната година во март. Но, еве што велат пензионерите во анкетата на Телма за ова покачување.
1.000 денари ?? па само еден лек е 1. 000 денари за пензионери.. а оние што имаат по 12, 14 по 15 илјади денари што да прават тие
Фантазија поголеми пари во живот не сум примил,
Има луѓе со помали пензии им треба повеќе
За состојбата во која се наоѓа ПИОМ се зборува со години. Од бројките може да се види се повеќе растат трансферите на пари од буџетот во фондот.

Па, така лани од државната каса таму биле префрлени речиси 700 милиони евра. Многу повеќе од претходната година. Но, она што е интересно е тоа што повеќе од половина од овие средства се користат за покривање на тековниот дефицит.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Блескаме… За една година над 17…
Само 1, 63 вработени ги обезбедуваат примањата…
Мицкоски: Им благодарам на САД што ја…
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од новите…
Поради Илинден, утре во Кочани нема да…
Оваа сабота, 2 август, семејствата на жртвите…
Зеленски: Подготвени сме за мировен самит
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, порача дека…
Го држеа на краток синџир, Калајџиев за…
Не одговори на нашите повици и пораки,…