(Видео) Бобан Стефковски има обврска согласно закон и судска пресуда да го сруши објектот на Цановски во Гази Баба!

t

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во денешната епизода на Тешки муабети објасни дека градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски може во кој било момент да го сруши објектот на Фиат Цановски во Гази Баба.

– Има 4 пресуди, две на управен, две на виш управен суд за рушењето на таа зграда со тоа што градоначалникот и министерството се ослободени од вина бидејќи го спроведувале законот. Доаѓа на власт СДСМ, Фиат Цаноски почнува постапка за обештетување, се бутка целата позиција во суд да помине обештетувањето, бидејќи во тој период извршната власт се мирни.

Таму се работи за проблем кој сам си го предизвикал Цановски кој спротивно на издаденото одобрение, спротивно на дозволата на градба си ја зема котата на главната улица на која гледа зградата, а требал да ја земе котата од сервисната улица.

Во суд некој го блокира процесот, па не поминува тоа така брзо, има шпекулации дека се делеле проценти. Доаѓа во Гази Баба новата власт и Бобан Стефковски не отвара постапка за овој предмет иако се е кај него.

Бобан Стефковски има можност да влезе да ја сруши комплет зградата бидејќи е утврдено со неколку пресуди дека срушена е исправно, дена нема дозвола важечка, дека имало законска постапка и Бобан ми се лути зошто сме го објавиле текстот.

Тој е должен согласно закон и правосилна пресуда да ја сруши зградата и да го врати плацот во правобитна состојба, констатира Митовски.

– Истата постапка и ситуација се случува и со Ист Гејт, Мицкоски по неколку средби ги седнува советниците и вика бизнисменот ќе ни помогне за браќата од 27 април и луѓето се согласуваат и гласаат, се гради објектот. Доаѓа нова точка на гласање а тоа е ослободување од комуналии за пристапните улици и стамбениот дел. Општината треба да ги ослободи од комуналии, имаше натегање, драми во Советот, за на крај во 11.58 двајца советници на ВМРО-ДПМНЕ за кои на широко се говори дека земале по еден стан во станбениот дел, за лидерот во тоа време да договори уште некоја провизија. И сега Ист Гејт е ослободен од комуналии, вели Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

104-годишна бабичка скокнала со падобран

Една 104-годишна жена од Чикаго се надева…

Кавадарчанец и давал хероин на малолетната сестра…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе…

Дeдo co шипka гo прeтeпaл внyкoт и…

Почина 6-годишното момче кое беше претепано со…