(Видео) БОЛНА РАБОТА: Пензионер педофил канел девојче на колачи – Детето го снимило со телефон!

t

Пензионер во Загреб се обидувал да наведе мало девојче да појде со него содека се враќало од училиште, но тоа успеало да се спаси со тоа што успеало да го сними со мобилниот телефон.

Ајде да одиме на пијалак“, се зборовите со кои пензионерот го почнува разговорот со храброто девојче, а се слушаат на снимката што ја објави „Јутарњи.хр“.

Иако девојчето не успеало да му го сними лицето на старецот, сепак нејзината видео снимка масовно се споделува на социјалните мрежи и во медиумите од регионот, со предупредување до родителите да внимаваат затоа што околу училиштата во Загреб има педофил кој се обидува да ги заведе девојчињата.

На снимката се слуша како старецот прво го распрашува девојчето кое одделение е и во кој клас учи.

Тој потоа вели дека и тој има син осмоодделенец, но не знаеше точно да каже во кое училиште учи. По ова почна да го прашува девојчето како е, а потоа му понуди да одат на пијалак, сок, кафе, колачи, додека девојчето го одбива.

Откако девојчето го одбива, тој упорно почна да ѝ го бара бројот на телефон или телефонскиот број на нејзината другарка.

Откако снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, интервенирала и загрепската полиција.

Според „Јутарњи.хр“ станува збор за 81-годишен старец кој добил пријава за обид за намамување деца со цел задоволување телесни потреби. Старецот бил ставен во притвор, а допрва ќе се одлучува за тоа дали ќе му биде изречена затворска казна.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Педофил допирал по телото малолетна штитеничка од…

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје,…

81 годишен дедо заработил кривична за силување…

Полициски службеници од Одделението за крвни и…

Уапсен силувач на 11 годишно девојче во…

Хрватската полиција уапсила маж од околината на…

Болна работа: Педофил го силувал малолетниот син…

33-годишна жена од Скопје пријавила дека К.М.,…

Уапсен 53-годишник од Виница под сомнение дека…

Полициски службеници од Полициската станица Виница вчера…