(Видео) Бонбона бизниси на ВМРО-ДПМНЕ во Могила: Кубик дрвја за 8000 денари, улица од 700 метри за 450.000 евра!

t

8000 денари по метар кубен огревно дрво и 450.000 денари за улица од 700 метри, односно нов бомбона бизнис во општина Могила открива независниот советник во Советот на општината, Борче Бучински.

– Тоа е даб прва класа, но се сомневам дека е така, на последната седница на советот го прозвав градоначалникот да направиме комисија да ги посетиме училиштата за да видиме дали се тоа прва класа дрвја.

Фирмата е на братот на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Могила (претседател на општински комитет). Цената во Битола е 5000 ден со ДДВ, во Новаци набаливе за околу 3000 денари со ДДВ.

Исто се сомневам и за количината на дрвата. Документите ќе ги пуштам до Антикорупциска да видат со што си имаме работа.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не можат да ја коментираат набавката, бидејќи пред секоја седница се горе и си ги средуваат картите. ВМРО има мнозинство во советот, има 6 советици и тие се пред секоја седница присутни со градоачалникот и кога ќе слезат на седница точките се веќе испеглани.

На последната седница општината ги заложи двете најатрактивни згради во Могила и Ивањевци и општинско земјиште во Могила за земање кредит во банка. 450.000 евра кредит, за плаќање на улицата што е во завршна фаза, улица “Широка” но и пред тоа имавме платено средства за таа улица.

Самата улица наиде на многу иссмејувања бидејќи пред самата општина каде што завршува улицата, има огромен кружен тек, толку голем што влегува во продавниците, како во Швајцарија да сте.

Кредитот е со грејс период од две години, банката може да ни ги одземе имотите, општината наместо да се намалува долгот се задолжува повеќе.

Значи станува збор за улица околу 700 метри чини 450.000 евра, 147 метри кубни дрва се набавени за по 8000 денари за метар кубен, објаснува советникот Бучински кој објасни дека за интерес на физичко лице се гласа промена на детален урбанистички план, поточно за желните на човек на кој градоначалникот му е кум.

– Тие што ме знаат знаат дека секојдневно добивам закани, многу луѓе ми рекле да се откажам, да не си играм со нив, да ги оставам да работат ама јас не можам, завршува Бучински.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бонбона бизниси на ВМРО-ДПМНЕ во Могила:…

8000 денари по метар кубен огревно дрво…