(Видео) Бољи Живот нова песна на Дре и Пука Козметика
Младиот и талентиран музичар Андреј Јовановиќ – Дре во соработка со пионерите на македонскиот рап Пука Козметика на втори август, за големиот празник Илинден, промовираа нова песна со наслов – “Бољи Живот”.
Музиката и Аранжманот се на Андреј Јовановиќ додека за текстот се погрижија тој и близнаците од Пука Козметика. На песната гостува и Диџеј Славе кој ги остави скречовите, за да ја надополни оваа рап дружба.
Снимана е во студиото Алшар кај Ивица Јанкуловски – Штрав кој се погрижи за миксот и мастерингот на песната.
Мелодична музика со тврди рими кои ја отсликуваат реалноста во Македонија. Песната е повик за револуција на умот и борбата за рамноправност.
Видео записот го потпиша Катерина Јорданоска за Перспектива рекордс.
Погледнете го видеото и слушнете ја песната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Бољи Живот нова песна на Дре…
Младиот и талентиран музичар Андреј Јовановиќ -…
Бил и Хилари Клинтон добија судски покани…
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата…
Бочварски: Граѓаните се измамени од неисполнетите ветувања…
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски во гостувањето…
Нетанјаху ќе предложи целосна реокупација на Појасот…
Според локалните извештаи, планот на Нетанјаху се…
Се огласија водителите на утринската програма: Глишиќ…
Водителката на утринската програма на ТВ Пинк,…