(Видео) Браво: Уапсените Чкембари добија храна и превоз до Битола – од Комити!
По големото ракометно дерби меѓу Вардар и Пелистер кое го одбележаа и големи инциденти, полицијата уапси дваесетина Чкембари, кои за време на притворот, а и потоа најголемата, ако не и единствена помош ја добија од своите најголеми ривали – Комити.
Вардаровите навивачи покажаа голема доблест придржувајќи се на навивачки кодекс дека војната и ривалството се само за на трибина, а дека по завршувањето на мечот се заборава сѐ и дека во тие моменти најважно е да се биде човек. Тие им доставиле храна додека „Чкембари“ биле во полициската станица, за потоа да им организираат превоз на своите конкуренти да се вратат назад во Битола откако биле ослободени од полицијата.
Дербито меѓу Вардар и Пелистер (31-24) го одбележа големиот инцидент, кој го започнаа Чкембари кога фрлаа факли по обичните навивачи, што ги предизвика Комитите да влезат во терен. Битолчани по крајот од мечот изедоа и ќотек од полицијата, која се обиде да дојде до некој од гостинските навивачи по што настана голема мешаница. За време на средбата се водеше и голема „војна“ со навивачки песни и со меѓусебно пецкање со провокативни пароли (види ТУКА и ТУКА).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…