(Во живо) БРАЗИЛСКИ 27 АПРИЛ: Десничарите упаднаа во зградата на парламентот – Полицијата употребува солзавец!
Бразилски 27 април се случува денеска откако приврзаниците на десничарскиот лидер Болсонаро кој ги изгуби изборите, а новиот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва положи заклетва на 1 јануари.
Областа околу зградата на парламентот во Бразилија беше опколена од властите, но поддржувачите на Болсонаро кои одбиваат да ја прифатат изборната победа на левичарот Лула пробија, маршираа на рампите и се собраа на покривот на зградата на парламентот.
Бразилската полиција употреби солзавец во неделата за да се обиде да одбие стотици приврзаници на експретседателот на екстремната десница Жаир Болсонаро, откако тие упаднаа на конгресот една недела по инаугурацијата на претседателот Луис Инасио Лула да Силва.
Луис Инасио Лула да Силва положи заклетва како претседател на Бразил во неделата (1 јануари), изнесувајќи жестоко обвинение против поранешниот лидер на екстремната десница Жаир Болсонаро и вети драстична промена на курсот на државата за да се спаси нацијата зафатена од глад, сиромаштија и расизам.
Во говорот пред Конгресот, откако официјално ја презема командата на најголемата земја во Латинска Америка, левичарот рече дека демократијата е вистинскиот победник на претседателските избори во октомври, кога тој го собори Болсонаро на едни од најтешките избори досега.
Болсонаро, кој во петокот замина од Бразил во Соединетите Држави, откако одби да го признае поразот, изнесе обвинувања за изборни нерегуларности кои предизвикаа жестоки реакции кои денеска ексалираа со упад во зградата на парламентот.
Во продолжение може да ги следите случувањата во живо:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени телата на сите загинати во авионската…
Властите во Бразил потврдија дека се пронајдени…
Бразилскиот претдедател го обвинува Израел е за…
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…
Бразил со војска на аеродромите и пристаништата…
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…
Бразилскиот Конгрес бара истрага против Болсонаро за…
Комитет во бразилскиот Конгрес вчера официјално побара…
Бразилскиот претседател го кани Путин во земјата…
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…