(Видео) Вака треба! Албанија ги заострува казните за подметнување пожар, Рама најави дека потпалувањето ќе се третира како убиство
Под сомнение за подметнување пожари во Албанија се осомничени 125 лица, додека 22 се во притвор. Состојбата со пожарите во Албанија е повеќе од критична , граѓаните да бидат посовесни бидејќи казните ќе бидат ригорозни, апелира министерот за внатрешни работи Ервин Хоџа. Тој посочи дека под сомнение за подметнување пожари во Албанија се осомничени 125 лица, додека 22 се во притвор.
Премиерот Еди Рама објави видео-снимка направена од турски дрон „Бајрактар“ на албанското воздухопловство, на која се гледа лице кое потпалува.
Палењето на отворен простор тој го нарече „предавство” и најави дека потпалувањето ќе се третира како убиство.
„Намерното палење не е само злосторство, туку и предавство на нашата земја и иднината на нашите деца. Еве видео од намерно палење снимено денес од беспилотни летала на воздухопловните сили. Државната полиција е на терен за да ги изведе пред лицето на правдата сите што си играат со пламен на заеднички имот“ напиша Рама.
Според Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS) од почетокот на јули, во Албанија изгореле речиси 34.000 хектари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради пожарот во НП Јасен регионалниот пат…
Поради пожарот во Националниот Парк Јасен, ограничувањето…
(Видео) Вака треба! Албанија ги заострува казните…
Под сомнение за подметнување пожари во Албанија…
Орбан: Украина ја загуби војната, Русија победи,…
„Русија ја доби војната со Украина“, изјави…
Скопјанец фрлал со камења по хеликоптер додека…
На 12.08.2025 во 18:55 часот полициски службеници…
15 годишно дете со автоматскa пушкa го…
Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против…