(Видео) Ванковска: Не сум спотер, нема да ги предадам гласовите на друг – јас сум тука за да победам

t

Професорката Билјана Ванковска денеска и официјално беше промовирана како кандидат за претседател на политичката партија Левица. Уште пред да биде официјално познато името на кандидатот на Левица, се појавија шпекулации дека таа би ги предала гласовите во вториот круг на својата колешка професорката Гордана Силјановска Давкова.

Сепак Ванковска веднаш ги демантираше ваквите шпекулации коментирајќи дека е учествува во трката за да победи, а не да ги предаде гласовите на некој друг и дека сериозно се противи на предавање на контингенти на гласови на други политички партии.

-Веднаш ќе ви кажам јас не мислам само да учествувам и она мото доволно е да се учествува не мора да се победи. Ако сум се нафатила верувајте дека чесно ќе се борам. Без разлика кој е од другата страна со сиот респект на било кој кандидат. Во моментов знаете дека одговорот мој на вашето прашање е шпекулативен, ние не знаеме дали мојата драга колешка професорката Силјановска воопшто ќе се нафати, дали ќе се појави некој друг. Јас со себе сум расчистила дека јас се борам за своја програма и мислам дека веќе кажев заедно со Левица. Примопредаја на гласови и пораки од типот јас не успеав, нема да има, не ме отпишувајте прерано. Од мене нема да чуете порака сите што гласавте за мене, контингенти не, од контингенти ни е преку глава, вели Ванковска.

Меџити: Јас со Таравари сме едно тело, еден дух – „Немам потреба да одговарам пред никого освен пред него“

Меџити: Јас со Таравари сме едно тело, еден дух – „Немам потреба да одговарам пред никого освен пред него“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…