(Видео) Ванчо Михајлов никогаш не развил мрежа во Македонија – Најмногу се водел од лични интереси, има сомнеж за злоупотреба на финансиите на ВМРО!
Ванчо Михајлов бил еден од понезначајните соработници на Александров, ништо не укажувало на тоа дека тој ќе се издигне до таа позиција.
По убиството на Александров тој се опкружува со десетина млади фанатици и успева да се наметне како фактор иако не бил член на ЦК, таму имало двајца живи членови, објаснува во денешното гостување во Тешки муабети професорот Никола Жежов.
– Тој се обидел да го промени дејствувањето на ВМРО, Александар Протуѓеров немал моќ да диктира полиитка во ЦК, Попхристов исто бил во втор план и така дошол Ванчо Михајлов. Бил исклучилтено интелигентен и амбициозен но ја свртел дејноста на ВМРО во друг правец.
Го напуштиле четничкото делување, тој си седел во Пиринска Македонија, никогаш не дошол во Македонија под српска власт, еднаш само пропагандно дошол до границата и се сликал во униформа.
Дејствувал по пат на индивидуален терор, по пат на црни тројки или петорки, кои веќе не носеле комитска облека и бради, туку носеле цивилни одела, биле бричени и слично.
Тој е првиот човек на кој паднал сомнеж за злоупотреба на финансиите на ВМРО, си одел на патување со жената во Италија без да ги оправда средствата. Тој сакал да го укине задграничниот комитет, второто најважно тело во ВМРО.
Никогаш не се борел со оружје, само еднаш дошол во Скопје, многу тајно, знаеле само неколкумина луѓе, стравувал дека може да биде откриен и ликвидиран, дошол за да открие дали е возможна идејата на германската влада за формирање на независна Македонија,
Тој не сакал да биде претседател на независна Македонија, туку за тоа го понудил Христо Татарчев, но Татарчев го одбил. Кога увидел дека нема можност за тоа на теренот, контактира со Народноослободителното движење и барал едно до две министерски места но барањата биле одбиени бидејќи не бил фактор на теренот.
Потоа со германски воен авион заминува од пиринскиот дел на Македонија, оди во неколку држави и крајно се преселил во Виена до неговата смрт опкружен со неколкумина луѓе околу него, вели Жежов.
Професорот објаснува дека во Македонија немало услови за развој на фашистичка и нацистичка политика и движење.
– Ванчо Михајлов не бил фашист или нацист. Точно е дека во последното претсмртно интервју Михајлов одрече дека постои македонска нација, дека Македонците се измислици на Југославија, но тоа го направи во услови на длабока старост, тој дури одрекуваше дека ВМРО учествувале во убиството во Марсеј. Но тоа е кажано во услови на длабока старост, можеби и не рассудувал правилно. Тој никогаш не развил мрежа во Македонија, иако има луѓе судени од УДБА за ванчомихајловистичка дејност иако не го ни познавале, вели Жежов кој додава дека Михајлов претходно зборувал за постоење на Македонска нација и имал двојство на идентитетот.
– Тој се водел од лични интереси, вели Жежов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски објави факти за Царот Самоил: Не…
Не постои запис кој ќе потврди како…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…