(Видео) Витина: Згрозена сум од постапките на поединци од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје

t

Сум дејствувала, дејствувам и ќе дејствувам како член на ВМРО-ДПМНЕ, вели Ирена Витина, советничката која ја напушти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, во гостување во ТВ 21.

„Ова е мој втор мандат во Град Скопје, и дел како тогашната опозициска група во ВМРО-ДПМНЕ активно се борев за состојби кои сметав дека не се во ред. И сега не можам да се соочам да бидам на страната на тие постапки против кои јас сум се борела. Јас не се согласувам со некои одлуки. Во минатиот состав со конзензус ги носевме одлуките. Заеднички се договоравме со гласање како ќе настапиме на Совет. За жал демократскиот капацитет во групата која припаѓав, наместо да се зголемува, се уназадува, и одлуките се диригирани на координаторот на советничката група, со кои јас не се согласувам“, рече Витина.

Витина исто така нагласи дека е згрозена од постапувањето на поединци во советот на Градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ