(Видео) Витина: Мое ВМРО, каде ли ќе те однесат овие деструктивци?!
Советничката во Градот Скопје, Ирена Витина која ја напушти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната вонредна седница на Советот објави мега скандал поврзан со случувањата во Комуналното претпријатие Скопје.
Таа истакна дека за жал продолжуваат блокадите и опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ за градската администрација на сметка на граѓаните на Градот Скопје, што впрочем беше главната причина зошто таа ја напушти советничката група
Советничката потенцираше дека се работи за организирано сценариоа за опструкција на работата на претпријатието токму од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
-Должност ми е како советник избран од граѓаните на Град Скопје на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на која што листа бев, но од причини веќе образложени и познати на јавноста кои што за жал се повторуваат и ми потрвдуваа дека сум мила комплетно во право за мојата постапка. Имам неколку точки на кои што ќе се осврнам. Која е позадината цела оваа состојба во која се најде Градот Скопје, Комуналното претпријатие и граѓаните на градот Скопје. Граѓаните имаат право да бидат револтирани, но треба да ја знаат вистината. Која е фактичката сотојба во градот Скопје и која е причината за целиот хаос кој настана минатите денови. Сето она кое што не можат да го контролираат мора да биде опструирано и блокирано. Се прават сценарија, се огранизираат грпи да блокираат за потоа некој пред граѓаните се поставува како спасите. Зошто КХС добро функционираше во изминатиот период? И зошто минатиот викенд се случи баш тоа што се случи, , истакна Витина.
Во продолжение ЛИНК од видеото објавено од Витина
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…