(Видео) ВМРО-ДПМНЕ го враќа најтемниот период од комунизмот: Обезбедувањето му забранило пристап на пазарот во Велес на Ристовски и коалицијата „Храбро за Македонија“

t

Претседателот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски и Коалицијата „Храбро за Македонија“ најостро протестираат поради тоа што беа спречени од обезбедувањето на пазарот во Велес да поделат промотивен материјал и да имаат средба и разговор со граѓаните. Во продолжение следува интегралната изјава:

„Ова што денес ни се случи нам на отворениот пазар во Велес го немало ни во најтемните денови на комунизмот, па ако сакате ни во Северна Кореја. Обезбедувањето не предупреди да не делиме промотивен материјал на сред кампања, дали е тоа забрането според ДИК или е ова приватен имот на градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес?

Класична злоупотреба на службена положба и овластување. Тоа ли ќе го враќа ВМРО-ДПМНЕ, најтемниот период од комунизмот, со забрани, со уцени, со притисоци? Луѓето да не можат да ја дознаат вистината од другите политички понуди на пазарот? Срамота за градоначалникот на Велес, срамота за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, комунизмот не смееме да го вратиме, мора слободата да дише, ова е место на народот, и имаме право во сред кампања да допреме до народот да ја пласираме политичката понуда да видат и сфатат дека има и нешто многу подобро од двете црно-бели партии кои темнина ја носат на политичката сцена во Македонија“, изјави Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Трамп лансира мобилен телефон за 499 долари

Трамп го најави T1 – новиот американски…

Во Струмица се одржува Државното првенство во…

Од вчера до 21 јуни во хотелот…

Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…

Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…