(Видео) ВМРО-ДПМНЕ има 350 луѓе во управни и надзорни одбори кои го чинат градот над милион евра годиншно и никој не прашува што прават тие!

t

Јас немам намера да се повлечам, оној кој што сметал дека ќе може затоа што сум една личност, жена, сама , немам политичка поддршка, дека ќе може да врши притисоци, дека под таква закана ќе можам да потпишувам и да работам, ете за овој политички врв сметам дека може целата јавност да види дека се излажал, истакна во во вчерашното гостување во “Само интервју” градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Сметам дека сите сакаат да видат како работите во државата се менуваат на подобро и сметам дека никој не сака вакви дволични личности кои ветуваат едно, а прават друго, да дојдат во позиција на моќ.

Кога излегуваа зборуваа дека треба да се смени ова што се гледа во овој момент, во првиот момент кога дојдоа во позиција на позиција вработија 120 луѓе за два месеци, без јавен конкурс и никој не излезе да праша каде ги најдоа тие луѓе одеднаш.

Никој не праша како тоа луѓе земале плата, а не оделе на работа со месеци, јавно се кажани овие информации.

Оној кој кажува дека системот не чини, тоа го прави. Се знае кои се личностите, истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, мора да се даде одговор на овие прашања.

350 функционери на овие јавни претпријатија, управни, надзорни одбори кои овој град го чинат околу еден милион евра годишно има ВМРО-ДПМНЕ односно мнозинството кое ги гласаше на совет на Град Скопје, ама сакаат да кажат дека еден човек е одговорен за ова,, а не кажуаваат за овие лица, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…