(Видео) Воена опрема пристигнува на Северот на Косово!

t

На српските телеграм канали масовно се споделуваат снимки од пристигнувањето на воена опрема на Северот на Косово каде живее мнозинско српско население.

Во текот на вчерашната вечер се случи најголемиот инцидент откако се вжешти состојбата на Северот на Косово. Неофицијално на снимката се слуша вооружена престрелка помеѓу локалното српско население и косовската полиција во близина на една од српските барикади.

Воената техника е забележана во Грачаница во близина на Приштина како се упатува на Север. На развдиженоста на вооружените косовски сили претходеше писмо на Албин Курти до КФОР и ЕУЛЕКС, во кое бара да го известат дали и кога планираат да ги преземат барикадите и доколку не планираат да го сторат тоа, Приштина има детален план како да ги отстрани 11-те барикади на северот на Косово.

Курти претходните денови рече дека „Кфор бара некое време, а сега има 11 барикади“.

„Му дадовме време на Кфор токму затоа што слободата на движење од позицијата на Кфор се смета за основна вредност“, рече Курти. Дополнително косовската полиција ангажираше тешка механизација најверојатно за отстранување на српските барикади.

Србите од северот на Косово 17-ти ден се на барикадите. Тие велат дека ќе бидат отстранети кога Приштина ќе ги ослободи Дејан Пантиќ, Миљан Аџиќ и Слаѓан Трајковиќ и кога специјалните полициски сили ќе бидат повлечени од северот на земјата.Тие бараат и како повлекување на како што ги нарекуваат тајните списоци за апсење на Србите и повлекување на специјалните единиците од северот на Косово, со гаранции од КФОР дека овие единици нема дојдат повторно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…