(Видео) Воена стратегија: Кинеската армија гради голем логистички мост крај Индија
Кинеската Народноослободителна армија почна да гради мост над езерото Пангонг, со што ќе се скрати маршрутата до индиските воени контролни пунктови лоцирани на јужниот брег на езерото.
Со изградбата на тој мост, кинеската армија се надева дека ќе ја спречи индиската армија да ја повтори операцијата „Снежен леопард“ од август 2020 година, со цел да го освои доминантното плато на јужниот брег на езерото Ладах, долг 135 километри што го делат Индија и Кина на исток.
„Кинезите беа изненадени од брзото движење и акумулација (на јужниот брег на Пангонг)… Научија лекција и беа преземени неколку чекори за да се овозможи побрзо движење низ областа со можност за големо зголемување на присуството“, „Принт“ цитираше неименуван извор, известувајќи за причините за изградбата на мостот.
Неименуван функционер рече дека по завршувањето на мостот, растојанието меѓу Курнак на северниот брег и Рудок на југ ќе се намали од сегашните 200 километри на меѓу 40 и 50 километри.
Без тој мост, кинеските војници треба да поминат подолг пат за да стигнат до јужниот брег на езерото Пангонг Ко, една од спорните точки на двете земји.
Сателитските снимки покажуваат дека мостот кој поминува низ тесниот дел од езерото е речиси готов.
Според договорот постигнат на 10 февруари 2021 година, Кина повлече повеќе од 10.000 војници и 300 тенкови од областа на езерото Пангонг.
Индија го контролира западниот дел на 45 километри од езерото, додека остатокот е под контрола на Кина.
Како што се потсетува, индискиот министер за одбрана Рајнат Синг минатиот месец отвори 27 нови патишта и мостови во близина на кинеската граница и напомена дека „не може да се исклучи можноста за конфликт во денешното неизвесно опкружување“. – Пренесува „Спутник рс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Пет лица загинаа, а 14 се повредени…
Пет лица загинаа, а 14 се повредени…
Унгарија тајно зела кинески заем од една…
Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…
11 лица загинаа откако мост во Кина…
Единаесет лица загинаа, а повеќе од 30…