Објавено на:

(Видео) Возач на Порше собори двајца мотоциклисти за 12 секунди

t

Само 12 секунди му беа потребни на возачот на Порше да „исклучи“ двајца возачи на мотори од сообраќајот.

Шегата настрана, навистина е среќа што никој не е тешко повреден во овие незгоди. Според авторот на видеото објавено на Редит, несреќата се случила кон крајот на минатиот месец во Сингапур. На снимката се гледа автомобилот Порше во крајната десна лента. Пред него е запрен автомобил, па тој се префрла на средина, со вклучен трепкач, но без навреме да го провери сообраќајот.

Во најлош можен момент мотоцикл налета на Поршето и удира во предниот дел на возилото. Мотоциклистот падна на коловозот, а возачот на Поршето ги вклучува сите трепкачи, ја отвора вратата и се обидува да излезе од возилото за да ја провери жртвата. Во тој момент доаѓа друг мотоциклист и удира во вратата на Поршето. За неполни 15 секунди двајца мотоциклисти се судрија со Поршето и завршија на патот.

Кој според вас е виновен за оваа незгода, возачот на Порше што невнимателно се престои и отвори врата или мотоциклистите за неправилна брзина?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Многу јако: Цигари, патики, штрафилици –…

За време на продолжениот викенд и во…

Гренел: Албин Курти е проблем и сите…

Американската амбасада во Приштина синоќа соопшти дека…

Филипче го повика Мицкоски веднаш да ги…

Доколку Мицкоски поседува било какви информации за…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…

Вјоса Османи носела торба полна пари и…

Извори на Инфомакс од аеродромот во Скопје…