(Видео) Волкановски лесно го совлада Јаир Родригез
Александар Волкановски ја одбрани неприкосновената титула во перо категорија. Австралиската ѕвезда со мкаедонско потекло се соочи со привремениот шампион Јаир Родригез.
Нивната борба беше насловна на настанот УФЦ 290, кој се одржа пред малку во Лас Вегас. Волкановски не му даде никакви шанси на Родригез и го совлада со нокаут.
Австралиецот е незапирлив во перо категорија и ова е негова петта успешна одбрана на појасот во таа категорија. Јаир Родригез почна да се подигаше во третaтa рунда, но Волкановски брзо потсети дека едноставно нема рамен во категоријата до 66 килограми.
34-годишниот борец со македонски корени е еден од најголемите борци во историјата на овој спорт и едноставно ужива додека е активен на боречката сцена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
(Видео) Македонец се раѓа: Шампионот во УФЦ,…
Александар Волкановски е Македонец од Австралија шампион…