(Видео) Вонредна прес-конференција на Курти: Терористички напад врз клучна инфраструктура во Косово!

t

Косовскиот премиер Албин Курти вчера вечер на вонредна прес-конференција истакна дека уништувањето на водениот канал Ибар-Лепенац е терористички напад и дека доколку не се санираат штетите, дел од Косово утре ризикува да остане без струја.

„Доколку не се санира штетата од експлозијата, утре наутро дел од Косово ризикува да остане без струја“, подвлече Курти.

Тој посочи дека се работи за криминален и терористички напад.

„Ова е криминален и терористички напад кој имаше за цел да ја оштети нашата критична инфраструктура и беше обид да се загрози снабдувањето со електрична енергија. Нападот го изврши професионалец. Веруваме дека доаѓа од банди оркестрирани од Србија“, рече Курти.

Тој апелираше до граѓаните да останат смирени.

Курти последните експлозии во општините на северот на Косово ги нарече „терористички акти од Србија“, бидејќи, како што рече, „нема друга адреса за вакви напади освен официјален Белград и криминалните структури на чело со Милан Радоичиќ“.

„Ова е напад, трета експлозија во последните неколку дена што ги таргетира нашите институции. Целта е да се поттикне страв. Ваквите напори ќе останат без успех, бидејќи нема да дозволиме никој да ги загрозува уставноста, владеењето на правото, поредокот на нашата Република“, рече Курти.

Тој најави дека веднаш по конференцијата ќе се сретне со командантот на КФОР и ќе свика состанок на советот за национална безбедност.

„Немам имиња на оние кои ја подметнаа експлозијата… Но, едно знам, дека таквите криминални елементи, дури и официјално да се членови на цивилната одбрана, цивилната бригада, имаат поддршка од официјален Белград. “ повтори Курти.

Според него, причината поради која се соочуваат со овие напади е „успехот на Косово“.

Причината е успехот на Косово, кој ги излудува“, подвлече Курти.

Тој додаде дека косовските власти немаат информации за евентуален нов напад, но и дека мора да бидат подготвени на се.

„Мораме да се подготвиме за се, бидејќи Србија не ја промени ниту својата позиција, ниту целта. И се ќе направиме со силите, капацитетите и знаењето што ги имаме. Во координација сме со нашите партнери. Но, главната работа ја работиме ние, полицијата, инженерите на КЕК, експертите во водоводот Ибар-Лепенац. Ние ја решаваме оваа ситуација, а тие напаѓаат на подмолен начин, бидејќи го контролираа овој имот, ги имаа општините, каналот, полицијата, езерото Газиводе“, додаде Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…

Косово ќе склучи договор за одбрана со…

Владата на Косово, иако во технички мандат…

Населението на Косово забрзано старее

Според податоците на Агенцијата за статистика на…

Во последните три години од Косово заминале…

Претседателот на Независниот синдикат на приватниот сектор…

Приштина: Повлекување на американската војска не доаѓа…

Министерството за одбрана на Косово денеска ги…