(Видео) Во ГОБ “8 Септември” требаше да се направи втор медицински универзитет: Утре ако сакаат можат да почнат со градба на клинички центар!

t

Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, во денешната епизода на Мрежа ги коментира и предлозите на Мицкоски клиничкиот центар да се гради некаде околу ГОБ “8 Септември”.

– Тие веројатно тргнале клинички треба да се напрвави па макар и надвор од Скопје, ама ние немаме толку буџетски капацитет. Ние имаме лимит за задолжување, не е тоа бескрајно, иако за ваков проект е оправдано задолжувањето но зошто за 600 милиони, а не за 100?

Оваа идеја не е добра, болницата “8 Септември” е една од виталните здравствени инфраструктура не само за Скопје, туку и за Македонија. Според мене таму треба да се направи втор медицински универзитет.

За да се направи некаква позитивна конкуренција на сегашниот, ние и тоа го започнавме, Бевме во финална фаза за склучување на договор со САПИЕНЦА, универзитетот во Рим еден од најстарите и најдобрите универзитети, нивни професори да доаѓаат тука, нашите да одат таму, тој универзитет да биде на англиски јазик. Тоа ќе беше одлична конкуренција, де факто ќе имавме два клинички центри во Скопје, од кои 8 Септември е помал. Имаше дејности кои таму не може да се обавуваат, некои кои тука нема да се обавуваат, заедно ќе заокружеа целосна инфраструктура. Таа идеја за клинички центар таму е уште полоша, цела гужва ќе иде во “8 Септември” и нема логика, најдобра локација е постојната локација на клинички и утре може да почне изградбата.

Проектот го имаме, дозвола за градба се добива утре, почнуваш тендер за изградба и надзор на клинички, за три месеци од денеска може да става камен-темелник, за 45 месеци отсега имаме клинички центар, вели Тодоров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…

Тепачка кај нотар во Центар за наследство

Две лица се степале во нотарска канцеларија…

„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

Герасимовски: МВР може да ги идентификува деликвентите…

Снимките од тинејџерите кои уништуваат игралиште во…

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…