Објавено на:

(Видео) Во Иран подигнато црвено „знаме на одмаздата“

t

Црвеното „знаме на одмаздата“ денеска беше подигнато над куполата на џамијата Џамкаран во иранскиот град Ком, по израелските напади врз Иран, јави иранската агенција Тасним.

„Црвеното знаме што ја симболизира одмаздата почна да се вее над тиркизната купола на џамијата Џамкаран, додека народот бара остра одмазда против Израел“, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на иранскиот претседател.

Црвеното знаме беше подигнато и над џамијата по атентатот на шефот на политичкото биро на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханија, во септември 2024 година и командантот на специјалните сили на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Касем Сулејмани, во јануари 2020 година.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во текот на ноќта започнаа голема операција наречена „Подемот на лавот“, во која извршија напади врз воени цели и локации на иранската нуклеарна програма.

Израелските воздухопловни сили (ИРА) извршија неколку бранови напади во различни делови на Иран.

Мета беше и Техеран, каде беа убиени неколку високи ирански воени функционери, вклучително и началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили и команданти на корпусот на Исламската револуционерна гарда, како и бројни нуклеарни научници.

Погоден е и нуклеарниот објект во Натанц, иранска воена база во северозападниот дел на земјата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека објектот и објектот за збогатување ураниум Фордо не биле оштетени во израелскиот напад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран тврди дека уапсиле двајца припадници на…

Иранските власти велат дека уапсиле двајца членови…

Нетанјаху: 13 загинати во иранските напади, меѓу…

Тринаесет лица загинаа во иранските напади врз…

Македонското МНР активира контакт-линии за наши државјани…

Согласно влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток,…

Трамп му се закани на Иран: Ако…

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека…

Израелската војска ги предупредува Иранците да ги…

Израелската војска денеска ги предупреди иранските граѓани…