(Видео) Во Кина изгоре носач на авиони кој некогаш бил дел од моќната советска флота

t

Поранешен советски носач на авиони изгоре во близина на Шангај за време на викендот, јавува Си-ен-ен.

Носачот Минск во последните осум години беше закотвен во лагуна во близина на реката Јангце во провинцијата Џиангсу, а се запали за време на реновирањето. Требаше да стане дел од воен тематски парк.

Пожарот избувнал во петокот попладне и бил изгаснат околу 24 часа подоцна, се вели во извештајот. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат густ чад и големи пламени јазици на палубата на носачот, а видлива е голема штета по изгаснувањето на пожарот.

„Нема жртви, а причината за несреќата се истражува“, се вели во извештајот.

Минск претходно беше главната атракција, 16 години во сега веќе непостоечкиот тематски парк во јужна Кина, се вели во извештајот.

Неодамна започна обвновувањето за бродот да стане средишен дел на друг тематски парк, но сега тие планови се доведени во прашање, пишува Си-ен-ен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Кина изгоре носач на авиони…

Поранешен советски носач на авиони изгоре во…

„ДАЈТЕ ЧЛЕН И ЗАКОН“: професорката Најчевска бара…

Не стивнуваат реакциите во јавноста за патувањето…

Сиљановска Давкова на средба со командантот на…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид…

Oдговорноста е во МВР: Кривичен суд апелира…

Уапсениот Блерим Рамадани, кој беше баран со…

Москва: Гроси ќе ја посети нуклеарната електрана…

Москва очекува наскоро да го пречека шефот…