(Видео) Во Кочани, под тивкото небо, постои место што зборува без зборови: Место каде болката се среќава со вечноста, а љубовта никогаш не умира

t

Драги Горгиев, татко на тапанарот Ѓорѓи Горгиев сподели видео од гробиштата во Кочани, каде почиваат најголем дел од жртвите во големиот пожар кој избувна во „Пулс“. Преку болната снимка, тој испраќа порака која гласи:

„Оние кои што вистински ве сакаат и почитуваат, знаат колку е тешко да се живее без вас, 63 наши англи“, вклучувајќи го и возачот на Брза помош кој почина од срцев удар откако работел повеќе од 24 часа превезувајќи ги повредените.

И Марија Петрушова, која го изгуби синот Андреј ја сподели снимката.

„Во Кочани, под тивкото небо, постои место што зборува без зборови… Место каде болката се среќава со вечноста, а љубовта никогаш не умира. Овде, во Алејата на Ангелите, почиваат 23 наши деца – млади животи што прерано заминаа. Во нивна близина, уште 9 ангели го делат истиот вечен мир. Сите тие – дел од нашите 62 ангели. 62 светлини што засекогаш ќе го осветлуваат патот на вистината и правдата. Нивните имиња не се забораваат. Нивните насмевки не избледуваат. Нивниот дух живее – во секое срце што чука за нив“, напиша таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Кочани, под тивкото небо, постои…

Драги Горгиев, татко на тапанарот Ѓорѓи Горгиев…

Независниот синдикат на полицијата излезе на протест…

Под паролата „Први за осуда Последни за…

Родителите на починатите во пожарот во “Пулс”…

Како што вчера најавија на „Марш за…

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил…

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за…

Од утре секој ден по 15 часот…

Од утре, ќе има мирни јавни собири…