(Видео) Во Пехчево избувна нов пожар – екипите на терен

t

Нов голем пожар денеска повторно избувна во Пехчево. Според информациите на Прес 24, повторно се мобилизира населението за гаснење на оваа голема стихија. Локалците оттаму јавуваат дека овој е многу полош од претходниот.

Гори местото викано Буковиќ, на три километри од градот, каде што ова лето пожарникарите веќе еднаш водеа тешки борби со стихијата.

Алармираат дека покрај високите температури, во прилог на пожарот оди и ветровитото време. Позитивно е тоа што веќе во овој регион има подготвени служби за гаснење.

Со пожарот се загрозени дрвја кои се постари од еден век и многу други ендемски растителни видови.

На терен во гаснењето се противпожарните екипи и локалното население. Повеќе информации се очекуваат наскоро.

https://www.facebook.com/reel/1060612428829287

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Пехчево избувна нов пожар –…

Нов голем пожар денеска повторно избувна во…

Евакуација на луѓето во Ајфеловата кула

Француските власти ги евакуираа луѓето на Ајфеловата…

Голем пожар во источниот дел на Атика,…

Во тек е голем пожар во источниот…

(Видео) Со МАКЕДОНСКА песна српските кошаркари го…

Кошаркарската репрезентација на Србија вчера ја победи…

Скопјанец приведен за изнуда – кај него…

На 10.08.2024 година од страна на полициски…