Објавено на:

(Видео) Во рок од три дена се собрани 1750 тони отпад од Град Скопје: Бунтовниците даваа отпор на полицијата

t

Директорката на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Николиќ-Мазнева, објасни што се случувало вечерта кога почна бунтот на претпријатието.

Таа вечер ми се јавија од претпријатието, дека се случува блокада, јас отидов на терен вечерта на 29 мај. Повикав полиција бидејќи се попречуваше работниот процес, вработените рекоа да се откажам, никој директор досега не ги спречил, дека немало да успеам.

Полицијата преговараше со бунтовниците, јас не ја коментирам полицијата, јас уредно пријавив во МВР и поднесов кривични пријави и се е во согласност со закон.

Најтрагично е што на 29-ти кога дојде полицијата, да тие се обидоа да преговараат да се смири работата, на шти наидоа на отпор. Не ги послушаа рекоа не се тргаат. Во наредните денови прва смена не се појави, освен неколку вработени што чекаа дали ќе им се овозможи да работат, драмата продолжи и во втора смена, јас во меѓувреме контактирав постојано со полицијата, се молевме да се овозможи работниот процес, додека ние се молевме ѓубрето се наталожуваше, се појавија мини-депонии. За 24 часа Скопје се преплави во ѓубре и никој не направи ништо.

Во рок од три дена се собрани 1750 тони отпад од Град Скопје, до пред 4-5 саати.

Градоначалниците по фер ќе беше да се јават и да прашаат дали треба помош, наместо да прават депонии. Еден не се јави да праша, вели директорката која додава дека бунтот не можел да биде за плати бидејќи платите се усогласени.

-Зошто никој не праша дали последен пат К-15 е платен во 2007 година, гарантирам овде, до рпед три-четири месеци немало К-15, го исплаќаме на рати заради финансиски показатели. 15 години не е исплатен регрес, тоа е законска обврска! Наеднаш јас добив од трудов инспекторат дека треба да исплатам К-15 за 2019, 2020 и 2021 година, јас тогаш не сум била директор, но ќе го исплатам, тоа ми е обврска.

Луѓето немале лична заштитна опрема, немале ни ракавици, работеле по маици од дома. Тие нивни патики и кондури се заштитни, се на нив може да биде заштитно, вели Мазнева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…

Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…