(Видео) Вулкан во Русија исфрли неверојатен облак од пепел висок над 10 километри
Вулканот Безимијани на рускиот полуостров Камчатка исфрли облак од пепел висок околу 10 километри. Руските геолози објавија и фотографии од лава и испарувања кои излегуваат од вулканот.
На социјалните мрежи се појавија видео снимки од облакот од пепел висок над 10 километри
Безимијани, со висина од 3 километри, е еден од најактивните вулкани во светот.
Највисокото ниво на опасност, црвено, е прогласено за авијацијата.
Според руското Министерство за цивилна одбрана, нема опасност за населените области или туристичките групи. Вулканот се наоѓа на околу 350 километри од Петропавловск-Камчатски, главниот град на полуостровот.
Инаку пред неколку дена силен земјотрес од 6.5 степени според Рихтеровата скала го погоди полуостровот Камчатка сместен на крајниот исток на Русија.
На социјалните мрежи се појавија повеќе видео снимки од моментот на земјотресот.
Но, само еден ден пред земјотресот имаше ерупција на еден од вулканите на овој полустров.
Полуостровот е на околу 6.600 километри источно од Москва и е една од областите со најголема концентрација на геотермална активност во светот, со околу 30 активни вулкани.
Поради своите вулкани, гејзери и термални извори, Камчатка е атрактивна дестинација за многу љубители на природата.
Полуостровот Камчатка долг 1.200 километри и широк до 450 километри има околу 160 вулкани, но само неколку од нив се сè уште активни. Вулканскиот регион е светско природно наследство на УНЕСКО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…
Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…
Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…
Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…