Објавено на:

(Видео) Вучиќ полуде на прашање на РТС за звучниот топ

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „Око“ на РТС зборувал за политичката ситуација во Србија и во светот, како и за четиримесечните протести и блокади.

Водителот го прашал Вучиќ за звучниот топ кој наводно бил употребен на протестот во Белград.

„Немаше употреба на звучен топ. Прво рекоа дека е користен LRAD или како и да се вика – не бил користен. Се јавивме во ФСБ, руската служба, се јавивме во американската служба да провери сè. Им реков на Европејците – пратете кој сакате, кога сакате, да провери. Европскиот суд за човекови права бара одговор од српските институции до 31 март. Немаме проблем – на сите ќе одговориме бидејќи ништо не криеме. Реков и повторувам: ако имало употреба на звучен топ – повеќе не сум претседател на Републиката. И знаат дека немаше. Тие многу добро знаат“, изјавил Вучиќ.

Тој додал дека е лага дека Србија го поседува уредот Вортекс.

„Кога не се јавуваме на никого да потврди, велат „не ти веруваме, Вучиќ.“ Кога се јавуваме во руските и американските служби, велите дека го нарушуваме интегритетот. Не, ние ги повикуваме најдобрите експерти во светот, им даваме овластување – тие не доаѓаат на нивно барање, туку на наша покана – за да ја кажат вистината. Да се ​​каже дали имало употреба на звучен топ или не. И така ќе падне уште една голема лага како и сите други лаги што се промовираат овде три-четири години по ред“, рекол српскиот претседател, видно изнервиран од прашањето на водителот.

„Не ме прашавте за впечатокот од 15-ти или 16-ти март, туку само рековте: „Злобен еден, употреби звучен топ, убиецу, пукаше во нашиот народ“. Мојот одговор е: лажете! Не употребивме звучен топ, а вие цело време лажете“, кажал Вучиќ и ги прозвал „N1“, „Nova.rs“ и „RTS“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вучиќ полуде на прашање на РТС…

Српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „Око“…

Ќе има ли генерален штрајк?! Претседателството на…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска треба…

Белата куќа му одговори на Путин: Украинците…

Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав…

Авион на Владата на РС слета утрово…

Авион на Владата на Република Српска слета…

Земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија…