(Видео) Вучиќ: Уште некој се крие зад Бугарија и нејзиното вето за Македонија

t

Српскиот претседател смета дека секогаш е лесно да се најде земја која ќе каже овој пат не сакам да се согласам.

Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека можеби и некоја друга земја стои зад блокадата на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ.

Ако мене ме прашувате дали лично сметам дека има уште некој што се крие зад таквиот став, јас мислам дека има. Ама не е мое да зборувам за тоа, така што за тоа нека зборуваат други, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател смета дека секогаш е лесно да се најде земја која ќе каже овој пат не сакам да се согласам.

Еднаш ќе каже овој пат не сакам затоа што не ми се допаѓа политиката кон исчезнатите лица, друг пат не ми се допаѓа политиката во однос на Гоце Делчев… Така што, јас сум многу долго во политиката за да веруваме дека секогаш е во прашање една земја или еден од нашите соседи. Јас знам како функционира сето тоа. Сите имаат телефони, па ќе свртат на телефон, брзо се завршуваат такви работи. А ова сега, како не можат да ги убедат, не знам што би рекол…, вели Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

ЕУ ќе ѝ префрли на Украина 1,5…

ЕУ ќе и префрли на Украина 1,5…