(Видео) Гафови го обележаа отворањето на ЛОИ
Синоќа во Париз беа отворени 33. Летни олимписки игри. Церемонијата на свеченото отворање ја обележаа два големи пропусти на организаторот.
Министерството за спорт на Јужна Кореја побара средба со претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах поради гаф за време на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз, каде што Јужна Кореја беше погрешно претставена како Северна Кореја за време на парадата на спортистите.
Додека јужнокорејската делегација пловеше покрај Сена на церемонијата на отворање на Олимпијадата, француски најавувач преку разглас објави „Демократска Народна Република Кореја“, што е официјалното име на Северна Кореја.
На ТВ екраните, сепак, точното име на државата беше наведено како „Република Кореја“.
ИОК објави извинување на корејски на платформата X.
„Длабоко се извинуваме за грешката што се случи при претставувањето на јужнокорејската делегација за време на церемонијата на отворањето“, се вели во соопштението.
Бродот со јужнокорејските спортисти беше 48-ми во низата, а севернокорејските спортисти во дефилето излегоа како 153.
Вториот гаф на организаторот му се случи пред крајот на церемонијата, кога олимпиското знаме беше подигнато, наопаку!
Инаку, на церемонијата на Сена продефилираа 85 чамци со околу 7.000 спортисти од 205 земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…